Наместо трета среќа, ново разочарување за Баерн: И Рангник одби да седне на тренерското столче во Минхен

by bojan
1 минути читање
Рангник

Ралф Рангник реши да го одбие Баерн Минхен, искусниот стратег ќе продолжи на кормилото на репрезентацијата на Австрија до мундијалот во 2026 година.

По ремито против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, раководството на Баерн изрази оптимизам околу можноста Ралф Рангник да го наследи Томас Тухел на тренерското столче.

Сепак, утрово пристигна ново разочарување, искусниот стратег решил да ја одбие понудата на „баварците“.

„Селектор сум на Австрија со целото срце. Навистина уживам во работата и одлучен сум во намерта успешно да чекориме по зацртаниот пат“ – вели Ралф Рангник.

„Сакам да нагласам дека немам ништо против Баерн Минхен, едноставно донесов одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целиот наш фокус е кон Европското првенство“.

Чаби Алонсо беше прв пик на Баерн Минхен, а откако Шпанецот реши да продолжи со Баер Леверкузен, тие се насочија кон Јулијан Нагелсман, кој исто така им „удри корпа“.

„Баварците“ се надеваа на трета среќа со Ралф Рангник, но пак останаа со празни раце и ќе треба да се насочат кон други цели.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани