111
Навивач на Спарта Прага веројатно цел живот ќе го памети натпреварот против Сигма Оломуц, иако неговиот тим загуби со 2-3.
Тој имаше среќа на полувремето да добие шанса да шутира од половина терен и да се обиде да добие награда. Целта беше мал правоаголник на средината на голот. Навивачот шутна со ефе и ниско, а топката заврши во обележаниот простор.
За овој погодок навивачот на Спарта доби награда од еден милион чешки коруни, а тоа е речиси 40.000 евра.