Навивач платил 60 евра влезница за Европското првенство за да седи – пред столб! (ФОТО)

by Стефан
8 минути читање

Полска стана првата репрезентација која ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата на Европското првенство, а од овој натпревар беше направена и фотографија која стана хит на социјалните мрежи.

Имено, навивач кој платил 60 евра за влезница, објави фотографија на која се гледа како седи пред висок столб.

„Шеесет евра за ова седиште“, напиша фанот по име Даниел на Твитер и фотографијата брзо стана вирална.

Голем дел од навивачите се прашуваат како е можно да се продаваат влезници за вакви седишта. Ќе потсетиме во тој натпревар Полска беше поразена од Австрија, па натпреварот против Французите во последното коло нема да има резултатско значење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани