Едно од најголемите промашувања на Манчестер Јунајтед во моментов е бразилскиот фудбалер Ентони. По доаѓањето од Ајакс за сума од сто милиони евра Бразилецот не покажа апсолутно ништо и често е мета на оправдани критики.
Сега навивачите „ископаа“ една конверзација од 2022 година. Навивач на Ајакс кој води познат и добро упатен Твитер профил поврзан со клубот од Амстердам, го предвиде „падот“ на Ентони.
„Сто милиони евра за Ентони. Јунајтед е подготвен да плати“, напиша Холанѓанецот.
„Сто милиони евра за Ентони и ти ќе плачеш“, му одговори навивач на Јунајтед.
„Еден ден ќе се вратиме на оваа конверзација и ти ќе се сложиш со мене“, заклучи навивачот на Ајакс.
Во дресот на Манчестер Јунајтед бразилското крило запиша 81 настап. Ентони даде единаесет погодоци и запиша пет асистенции, но тоа е недоволно за сумата која беше платена за тој трансфер.