68
Фудбалското лудило понекогаш и ги поминува границите, а така за вкендот било во Уганда.
Во неделата во Премиер лигата се сретнаа Арсенал и Ливерпул ,додека навивачот Бенџамин Окело го следел натпреварот на јавно место кога бурнo го прославил погодокот кој го постигнал Салах, па и фрлил пуканки во лице на навивач на Арсенал кој бил во истиот објект.
Таквата ситуација предизвикала револт кај навивачот на „топчиите“ кој го удрил Окело со тврд предмет и му нанел потешки повреди од кој подоцна тој починал.
На африканскиот континент ова не е прв ваков случај и очигледно фудбалот се сфаќа посериозно.