57
Ла Лига и Реал Мадрид објавија дека ќе отворат истрага поради расистички напад над Ламин Јамал за време на „Ел Класико“.
Барселона славеше на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-4, а во финишот младата каталонска ѕвезда беше мета на напад. При еден корнер на кој пријде близу до изведувачот Рафиња, младиот Јамал имаше довикувања од трибината.
„Реал Мадрид апсолутно го осудува ова однесување кое вклучува расизам, ксенофобија или насилство во фудбалот и спортот. Жал ни е за навредите кои неколку навивачи ги упатија близу до едно од корнер знаменцата на нашиот стадион. Ние како клуб отворивме истрага за да го локализираме и идентификуваме сторителот на овие акции“, напишаа од мадридскиот клуб.