Навивачите на Ријека направија хаос и го прекинаа натпреварот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Хрватска Ријека претрпе тежок пораз од Олимпија во Љубљана од 5:0, а тоа ги налути навивачите кои направија вистински хаос во текот на натпреварот.

Ријека уште во првото полувреме имаше негатива од 4:0, додека во вториот дел прими и уште еден гол за конечни 5:0.

Во тие моменти навивачите почнаа да фрлаат предмети и пиротехника на теренот, а судијата беше принуден да го прекине натпреварот. Откако навивачите беа отстранети од трибината мечот продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани