Репрезентација на Англија е во потрага по нов селектор, објавија и оглас (ТУКА), а „Би-Би-Си“ направи анкета во која даде навивачите да гласаат во избор на десетина имиња.
Во анкетата за фановите убедлив победник со 29% од гласовите биле екс-тренерот на Ливерпул Јирген Клоп.
Сепак, Клоп не се вбројува меѓу фавортите за клупата на „Гордиот Албион“ бидејќи тешко ќе им биде да го убедат, Германецот јасно порача дека сака да им одмор во наредните 12 месеци.
На анкетата зад Клоп се најде актуелниот тренер на Њукасл, Еди Хау со 19%, но прашање е и колку тој има желба да го напушти Њукасл.
Пеп Гвардиола се најде на третата позиција со 15%, потоа следеа Грем Потер со 12%, па Покетино со 8% и Ли Карсли кој ја води младинската репрезентација на Англија со 7%.