874
Германецот Џамал Мусиала според последните информации одлучил да остане во Баерн Минхен и тоа со богат договор.
Медиумите во Германија пренесуваат дека Мусиала постигнал ддоговор да ја продолжи соработката за плата од 25 милиони евра и договор на пет години.
Тоа би значело дека Мусиала би имал пет пати поголема плата отколку во овој момент.
Дресот на Баерн Минхен германскиот фудбалер досега го носеше на 181 натпревар во кои постигна 53 гола и запиша 35 асистенции.