241
Жозе Мурињо почна нова авантура, португалскиот стратег со гол ентузијазам влезе во Фенербахче, па почнал да работи и пред да стане трансферот официјален.
Кандидатот за новиот борд на директори на Фенер, Акун Иликали открива еден интересен момент.
„На нашиот втор состанок со Мурињо, тој рече дека почнал да работи на Партизан, јас бев изненаден дека тој веќе почнал да работи на можните ривали на Фенербахче во квалификациите“, открива Акун Иликали.
Фенербахче ќе игра квалифиакции за место во Лигата на шампионите, а еден од можните противници му е Партизан. Ждрепката уште не е направена, но Мурињо се чини дека ги анализира сите можни ривали.