Мурињо и Рома имаат битка на трансфер пазарот!

by riste
1 минути читање

Рома и Фенербахче се борат за ангажман на офанзивниот фудбалер на Севиља, Јусуф Ен Несири.

Ен Несири имал богата понуда и од Саудиска Арабија, но одлучил да остане во Европа. Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се Фенербахче и Рома.

Последните информации велат дека Мурињо лично му се јавил на Ен Несири и го убедил да се пресели во Фенербахче.

Но, уште ништо нема официјално, во наредните денови ќе се види дали Мурињо ја добил битката за Ен Несири против својот поранешен клуб, или пак големината на Рома и Серија А ќе пресуди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани