Жозе Мурињо пред почетокот на оваа сезона потпиша договор со Фенербахче според кој заработува 10.5 милиони евра по сезона, но по последниот натпревар против Трабзонспор кој неговиот тим го доби со 3:2 го изрази своето незадоволство.
Иако, Фенербахче победи, Мурињо не криеше дека е незадоволен од судењто и обвини дека се форсира екипата на Галатасарај. Поради ваквите изјави португалскиот стратег заработи и суспензија од Фудбалскиот сојуз на Турција па ќе пропушти еден натпревар на клупата.
Во една ваква ситуација реномираниот „Гардијан“ пренесува изненадувачка вест дека Њукасл го контактирал Мурињо и се обидел да го врати во Премиер лигата.
Неодамна Мурињо беше во друштво со сопственикот на Њукасл, Ал Румајана додека ја гледаше Формула 1 трката во Саудиска Арабија и со него е добар пријател.
Токму незадоволството на Мурињо од ситуацијата во турскиот фудбал е нешто кое може да го натера да си замине и покрај богатиот договор. Вo вчерашниот натпревар од Лигата на Европа, Фенербахче беше поразен од холандски АЗ Алкмар со 3:1.