Реал Мадрид претрпе уште еден тежок пораз, овојпат од Милан во Лигата на шампионите со 1-3.
Шпанскиот и европски првак врза два неуспеси во низа по „Ел Класико“ и дербито во елитата. Сепак, Лука Модриќ не гледа на ситуацијата како кризна.
„Ова не е криза. Тој збор не сакам да го користам. Тука сум 12 години и не е првпат да се најдеме во ваква ситуација. Имаше моменти кога игравме добро, но ова не беше наша најдобра претстава. Генерално игравме лошо и Милан беше подобар. Нашиот квалитет во моментов не доаѓа до израз. Треба понапорно да работиме како екипа, само така работите ќе станат полесни. Сигурен сум дека ќе се кренеме“, изјави Модриќ.
Притисокот во Мадрид е огромен, дури се зборува и за отказ за легендарниот тренер Карло Анчелоти. Јасно е дека ситуацијата не е сјајна, меѓутоа веројатно е дека Италијанецот ќе добие шанса до крајот на сезоната, секако доколку не нанижат уште неколку порази кои би пресудиле.