Многу малку фалеше дебито на Конте за Наполи да биде кошмарно! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Наполи ептен тешко се протнаа во следното коло од Купот на Италија откако ја совладаа Модена дури по изведувањето на пенали, резултатот во регуларниот дел од мечот беше 0-0.

Наполи беше домаќин, играше против второлигаш, и се доведе во ситуација да стравува за елиминација.

Дури и во пенал серијата по два шута Модена имаше предност од еден гол бидејќи кај Наполи промаши Чедира.

За среќа на Наполи, во преостанатите три серии, Модена промаши двапати, Наполитанците ги дадоа головите, па победија со 4-3 на пенали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани