202
Стефан Деспотовски, младинскиот репрезентативец на Македонија кариерата ја продолжува во редовите на молдавскиот Шериф Тираспол.
Со Шериф Деспотовски денеска потпиша договор на две години, а во изминатата сезона го носеше дресот на Работнички.
Покрај Работнички Деспотовски настапуваше уште во младите екипи на Партизан и Црвена Звезда, но и за неколку други српски клубови.
Кога е тимот на Шериф во прашање тие имаат амбиции да го вратат врвот во Молдавија откако изминатата сезона завршија како второпласирани.