Младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов од Работнички се пресели во Украина

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред, 19-годишниот Матеј Ангелов го комплетираше трансферот во Украина каде што потпиша за тимот на Черкаси.

Ангелов е играч кој настапува на позицијата последен играч за врска. Во Черкаси Ангелов ќе игра како позајмен фудбалер и по крајот на сезоната Украинците ќе одлучуваат дали ќе го откупат неговиот договор.ж

Изминатите четири сезони, Ангелов ги помина во тимот на Работнички и во ПМФЛ вкупно одигра 61 натпревар. Во овој момент тој е и репрезентативец во селекцијата до 21 година кај Драги Канатларовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани