Искусниот стопер Ненад Мишковски во недела против Работнички ќе го одигра својот стоти натпревар во дресот на Вардар.
Пред овој јубилеј ветеранот зборуваше за клупските мрежи. Тој нагласи дека е свесен од прв ден за колку голем клуб настапува.
„Од првиот момент кога дојдов во клубот бев свесен за одговорноста и големината на дресот кој го носам. Горд сум што секогаш сум се борел често, давајќи го максимумот за екипата и навивачите. Особено сум горд на заедничката борба и на тоа што и во најлошите моменти не се предадовме и без разлика на сите пречки ги исполнивме целите. Во недела по стоти пат ќе го облечам црвено-црниот дрес, а на тоа сум најгорд. Ги повикувам навивачите да дојдат во што е можно поголем број и да ни дадат поддршка, сега кога ни е најпотребна“, смета ветеранот.
Сите шест натпревари од ПМФЛ викендов се играат во недела во 13:00.