111
Фудбалерите на Вардар денеска беа поразени од Брера на натпреварот во Скопје со 0:1, а по тој пораз тимот остана на дното на табелата со ист број на бодови со Тиквеш (8).
Брера од клупата е предводена од поранешниот тренер на вардарци, Горзад Михаилов кој на почетокот на сезоната доби отказ, па седна на клупата на Брера. Михаилов со Вардар минатата сезона избори опстанок, додека сезонава славеше во дербито против Пелистер и токму по тој натпревар беше отпуштен.
Навивачите на Вардар не го заборавија неговиот придонес, па иако денеска го победи Вардар беше поздравен од „Комитите“, а доби и аплаузи од гледачите на јужната трибина.