Фудбалската репрезентација на Македонија се радуваше на домашниот меч со Летонија (1-0) и го завери првото место во групата од Лигата на нациите.
По средбата својот став го сподели напаѓачот на Жирона, Бојан Миовски. Тој посочи во кој сегмент нашата репрезентација се мачела против Летонците, а го најави и дуелот со Фараните.
„Летонија се бранеше многу добро особено во првиот дел, играше со пет дефанзивци. Тоа е многу тешко да се пробие. Теренот не ни овозможуваше да го одиграме последниот пас пред да постигнеме гол. Останавме смирени, тоа беше договор на полувремето. Потоа Серафимов го даде деби-голот. На вакви натпревари секогаш треба да имаш и малку среќа, а ние ја имавме.
Имаме три дена да се рекуперираме добро, знаеме дека заморот не важи кога сме тука. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен. Тешко беше кога игравме на гости во Торшавн, моментално секоја селекција игра фудбал. Треба да излеземе и пак да одиграме одлично, па да ги освоиме трите бода“, изјави Миовски.
Македонија ќе ја затвори групната фаза во недела со натпреварот против Фарски Острови во 15:00 часот.