Миовски резерва, ќе чека на клупа за настап против Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Напаѓачот на репрезентацијата на Македонија, Бојан Миовски, одново остана на клупата за резервни фудбалери во Жирона и ќе чека шанса да заигра против големата Барселона.

Жирона е домаќин на моменталниот лидер и екипа која нема пораз оваа сезона во Ла Лига. Сепак, тренерот Мичел одново се реши Миовски да го остави на клупата и во нападот ќе заигра Абел Руиз.

  • Стартни состави за натпреварот:

Жирона: Газанига, Франсис, Лопез, Блинд, Мигел, Солис, Мартин, Жил, Данјума, Циганков, Руиз

Барселона: Тер Штеген, Кунде, Иниго, Кубарси, Балде, Касадо, Педри, Рафиња, Олмо, Јамал, Левандовски

Средбата стартува во 16:15 часот, а Миовски ќе чека од клупата за да има свој придонес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани