187
Вторлигашот Милвол не го заборава својот веќе поранешен голман Матија Шаркиќ, кој во јуни оваа година беше пронајден мртов во Црна Гора.
На 26-годишна возраст откако му се слошило црногорскиот чувар на мрежата починал во апартман во кој престојувал во Будва. Тоа ја потресе нацијата, но и навивачите на англискиот фудбал – особено оние на Милвол чиј член беше.
Милвол не го заборави својот доскорешен член, а реши да му направи постхумна чест и го повлече дресот со број 20. Ќе биде направен и мурал со ликот на Шаркиќ, а ќе се воведе и награда за одбрана на сезоната со неговото име.