145
Милан на пенали го доби пријателскиот натпревар против Барселона, мечот во регуларниот тек беше 2-2.
На почетоко од мечот Пулишиќ имаше свое шоу, најпрво во 10. минута му асистираше на Јовиќ кој погоди за водство на Милан од 1-0, а пет минути подоцна самиот Пулишиќ даде гол за 2-0.
Во 22. минута од натпреварот Левандовски го намали резултатот на 2-1. Тоа беше последниот гол од првото полувреме.
Течеше 58. минута кога по асистенција од Виктор, Левандовски даде уште еден гол за израмнување на 2-2. Така завршија регуларните 90 минути по што се премина на изведување на пенали.
Во пенал серијата Барселона промаши трипати од шест обиди, Милан двапати, па го доби мечот.