169
Српскиот дефанзивец, Страхиња Павловиќ од Салцбург се пресели во Милан, трансферот е договорен, а наскоро се очекува и официјално да биде потврден.
За овој трансфер наводно Милан ќе плати 18 милиони евра. На Сан Сиро Србинот ќе добива двојно поголема плата.
Според „Газета дело Спорт“, Павловиќ во Салцбург играл за годишна плата од 700.000 евра, а во Милан ќе добива 1,5 милиони евра по сезона.
Павловиќ е стандарден репрезентативец на Србија, одигра по 90 минути на сите три меча од Европското првенство.