Најголемата ѕвезда на МЛС лигата, Лионел Меси за регуларниот дел од сезоната ќе заработи повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28 клуба.
Интер Мајами беше прв на табелата во својата конференција, па играчите ќе заработат најмногу средства од лигата.
Интересно е дека Меси ќе добие точно 20.446,667 долари, односно околу 19 милиони евра. Вкупно екипата на Интер Мајами ќе добие 41,7 милиони долари, што е најмногу во лигата.
Како цели клубови вкупо само Торонто (31,8 милиони), Лос Анџелес Галакси (22,1 милиони), Лос Анџелес (22 милиони), Нешвил (21,9 милиони), Синсинати (21 милиони) и Хјустон (20,5 милиони) ќе имаат поголеми примања од Меси самиот.
Аргентинецот сам ќе заработи повеќе пари од сите останати 22 клуба во лигата, поточно збирот на платите на сите нивни професионалци. На второто место според примањата ќе биде Серхио Бускец (8,5 милиони), па следи Лоренцо Инсиње (7,5 милиони, но со бонуси може да се удвои).