Мбапе презентиран пред 85.000 фанови на Реал: Ќе го дадам животот за овој клуб! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Денеска се случи големата презентација на Килијан Мбапе пред преполниот Сантијаго Бернабеу со навивачи и гости на клубот, францускиот фудбалер изгледаше пресреќно.

Конечно се оствари детскиот сон на Килијан Мбапе, стана член на клубот за кој навиваше како дете. Неговата соба цела беше излепена со постери од Реал Мадрид и Кристијано Роналдо, па сега ќе може и тој да биде како Португалецот.

На Бернаеу Мбепе се појави со Флорентино Перез и неговиот сонародник, легендарниот Зинедин Зидан.

„Драг Килијан, добредојде дома. Честитки што си го исполни сонот. Знам дека си заљубен во овој клуб. Знам дека никогаш не го забораваш денот во декември 2012 година кога Зинедин те донесе тука да ги запознаеш фудбалерите кои ти беа идоли. Ти направи напор повеќе отколку луѓето што веруваат за да дојдеш тука. Тука си бидејќи не се откажа од своите соништа. Ти благодаран затоа што никогаш не се откажа од љубовта кон овој клуб“, рече Перез.

Потоа почна говорот на Мбапе и тоа на шпански јазик.

„Ти благодарам претседателе Перез, многу работи се случија но ти секогаш ми веруваше. Момци ние победивме, победивме. Тука сум. Мадридистите ми дадоа многу љубов во овие години. Ви благодарам. Ова е остварување на сонот. Сега имам друг сон. Да ги исполнам вашите очекувања. Ќе го дадам животот за овој клуб“, вели Мбапе.

„До сите деца тука, јас сум како вас. Јас бев како вас. Мојот совет до вас е никогаш да не се откажувате, бидејќи еден ден вие може да бидете на моето место. Чест е да се игра за најдобриот клуб во светот. Многу сум среќен, моето семејство е среќно, мајка ми плаче, сега ќе замолкнам бидејќи ако продолжам да зборувам ќе заплачам и јас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани