Фудбалскиот првак на Италија, екипата на Интер доби нова сопственичка структура откако кинескиот газда Стивен Жанг не успеа да го врати долгот и го загуби клубот.
Нов сопственик на Интер стана американскиот инвестициски фонд „Оуктри“, кој ја презеде раководната улога на клубот. Изненадувачка информација за многумина, па и за самиот Џузепе Марота беше фактот дека Американците го назначија за нов претседател.
Марота досега ја извршуваше функцијата спортски директор и тоа со огромен успех. Тој е познат како мајстор за бесплатни трансфери, а за тоа најдобро зборува неговото портфолио. Во Интер оперативецот пристигна во 2018 година по долги години во Јувентус, па сега за добрата работа доби унапредување од новите газди.