81
Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди немаше среќа и заработи тешка повреда во победата на Галатасарај над Тотнем (3-2) во Лигата на Европа.
Напаѓачот и капитен на Галатасарај ги скина лигаментите во коленото, а тоа е повреда која долго ќе го оддалечи од терените. Се очекува Аргентинецот да биде подложен на операција на коленото во следниот период.
Од вакви повреди паузата е најмалку седум-осум месеци. Јасно е дека Маури Икарди ја заврши сезоната уште на почетокот на ноември.