195
Репрезентацијата на САД славеше во финалето на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Париз против Бразил.
Еден гол беше доволен за Американките да дојдат до олимпиското злато, а го постигна Свансон во второто полувреме.
Најголемата шанса за изедначување Бразил ја пропушти во судиското продолжение кога се истакна голманката на САД.
Ова финале беше и последен натпревар за легендарната Бразилка, Марта која посакуваше да се пензионира со олимписко злато.