81
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Адриен Рабио и официјално е нов фудбалер на француски Марсеј.
Рабио со Марсеј потпиша договор на две години откако претходно ги помина медицинските прегледи. Јувентус Французинот го напушти по пет години поминати во Торино, а претходно настапуваше за Пари Сен Жермен.
За репрезентацијата на Франција одигра 48 натпревари и постигна шест гола. Ќе потсетиме, Марсеј претходно го доведе и Мејсон Гринвуд, а тука е и Ели Вахи од Ленс.