360
Фудбалерите на Интер ја прославија титулата во Серија А по ремито со Лацио (1-1), во рамките на претпоследното 37. коло.
На последниот домашен меч „нераѕурите“ пред полните трибини на „Џузепе Меаца“ го прославија дваесеттото скудето. Интер ја доби титулата и следеше големо славје на тревникот каде што беа присутни и блиските на фудбалерите. Еден од присутните беше Лилиан Турам, таткото на напаѓачот на Интер, Маркус, но и поранешна ѕвезда на Јувентус. Овојпат француската легенда беше во дрес на лутиот ривал, меѓутоа не му се допадна начинот на кој синот слави.
Во еден момент одеше песна од трибините: „Кој не скока е бјанконеро“. Маркус Турам си пееше и скокаше, а за тоа си доби „воспитна“ од својот татко Лилиан.