Тренерот на Челси, Енцо Мареска откри дека лично ги известил сите играчи на кои нема да смета и очекува до крајот на преодниот рок да се изнајде решение.
„Сините“ често слушат за мајтап и потсмев на социјалните мрежи поради големиот број на играчи со кои располагаат и има многу прашалници за тоа како ќе изгледа составот со кој ќе раководи Енцо Мареска.
„Само што ги известив играчите на кого ќе сметам и на кого нема да сметам. Има уште една недела или 10 дена до крајот на преодниот рок, се надевам дека ќе најдеме решение за сите“ – вели тренерот на Челси во пресрет на натпреварот против Вулверхемптон.
„Кога ќе се најде решение, сите ќе бидат среќни, но доколку не се најде, тогаш се креираат проблеми“.
„Во моментов, со составот кој го имам на располагање, работам со 22, или 23 играчи, или пак со 21 играч. Не работам со 42 играчи како што некој сака да презентира. Тоа е невозможно. Нема тренер во светот кој ќе може да управува состав од 45 играчи, тоа е невозможно“.
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека се шкртнатни 13 играчи и тие веќе тренираат одвоено.
Станува збор за Лукаку, Стерлинг, Чилвел, Аризабалага, Чалоба, Фофана, Габриел, Бергстром, Вашингтон, Анџорин, Вејл, Матос и Броја.