Aнглискиот гигант Манчестер Јунајтед игра уште една лоша сезона, а освен најавите за смена на клупата се пишува и за потенцијалните засилувања.
Медиумите на Островот пренесуваат дека во клубот од „Олд Трафорд“ ја разгледуваат можност за доведување на тројца фудбалери од редовите на Баерн Минхен. Станува збор за Лерон Горецка, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис.
Под водство на Компани, Горецка не добива минутажа каква што посакува, а слична е ситуацијата и со Сане, па Манчестер Јунајтед за нив може да биде опција веќе во јануари.
Со Дејвис ситуацијата е нешто поразлична бидејќи е стандарден во тимот, но засега не се договорил за продолжувањет на соработката, а договорот му истекува на крајот од сезоната.
Најавите се дека Манчестер Јунајтед е спремен да потроши околу 200 милиони евра на овие тројца. Ќе потсетиме летово од Минхен во Манчестер се преселија Де Лихт и Мазрауи.