Манчестер Јунајтед не дозволи ново разочарување: Со пресврт го победи Брентфорд (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Мaнчестер Јунајтед во рамките од 8. коло во Премиер лигата не си дозволи да им приреди уште едно разочарување на навивачите и славеше победа со 2:1 во дуелот со Брентфорд.

Од почетокот на натпреварот Јунајтед имаше повеќе од играта, но кога не успеаа да постигнат гол стигна казната. Пинок во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за водство од 0:1.

Со минимална предност Брентфорд замина и на паузата, а Јунајтед успеа да се врати на самиот старт од вториот дел.
Алеханрдо Гарначо одлично реагираше и ја смести топката во мрежата по долгата топка од Рашфорд. Голот за победа беше дело на Расмус Хојлунд во 62. минута.

Во останатите натпревари Астон Вила на гости го совлада Фуилам со 1:3, Брајтон со голот на Влбек беше подобар од Њукасл (0:1), додека Лестер со пресврт од 2:0 до 2:3 се радуваше против Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани