Манчестер јунајтед на оригинален начин му се заблагодари на Нани (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Легендарниот португалски фудбалер, Луиш Нани на 38-години објави крај на кариерата, замина во спортска пензија.

Тој изминатото лето потпиша за португалскиот тим Амадора, одигра десет меча, постигна еден гол, но сега вели дека е време за пензија.

„Време е да кажам збогум. Решив да ја завршам кариерата. Ова беше неверојатно патување и благодарен сум на сите. Кариерата ми траеше повеќе од 20 години, ми остави толку спомени, а сега е време за нови соништа“, е дел од пораката на Нани.

Нани кариерата ја почна од Спортинг, најславните денови ги доживеа во Манчестер јунајтед со кој ја освои и Лигата на шампионите. Играше и за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Венеција, Орладно, Мелбурн Виктори, Адана Демирспор и за Амадора.

Нани беше познат по својата прослава со салто, па Манчестер јунајтед во тој стил му се заблагодари.

Објави фотографија од негова таква прослава и со превртени букви напиша „Ти благодариме Нани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани