125
Екипата на Валенсија нема добар почеток на сезоната во Ла Лига, па откако беа поразени од Барселона во претходното коло сега претрпеа пораз и Селта на гостински терен со 3:1.
Во натпревар во кој Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви, Грузиецот Мамардашвили прими три гола, иако ниту еден по негова вина.
Првите два гола ги прими во период од пет минути во 23. и 28. минута кога погодуваа Мингуеза и Аспас. Во завршницата од првиот дел грузискиот голман одбрани и пенал. Претходно Валенсија прва погоди преку Лопез во 14. минута.
Конечните 3:1 беа поставени на истекот на еден час кога Белтран со убав гол ја затресе мрежата.