Македонските фудбалерки против Летонија за второ место во групата

by riste
2 минути читање

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска игра квалификациски меч против Летонија за Европското првенство, дуелот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 19 часот.

Македонските фудбалерки играат за да ја задржат втората позиција со тоа и шансите за настап на Европското првенство.

Избраничките на селекторот Алекснадар Андов ја победија Летонија на гостински терен со 4-3, па денеска ја имаме фаворитската улога.

„Како што кажав и на самиот почеток, по моето назначување за селектор на репрезентацијата, реков дека потребно е време за да тргнат работите на подобро, чекор по чекор и со многу труд успеавме да се подобриме на сите полиња, а потврда за тоа се последните позитивни резултати што ги оствари оваа репрезентација. Се наоѓаме пред историски можност, женската репрезентација на Македонија во досегашната историја никогаш не била во можност да се бори за ваков висок пласман. Сега имаме можност да испишеме историја, верувам дека ќе успееме да оствариме победа. Ја немаме на располагање Гентијана Рочи, која со својот квалитет и искуство претставува многу битен член на репрезентација. Но не смееме да зависиме и да се ослониме само на еден човек. Кажав дека сите фудбалерки се битни и ќе имаат можност да го докажат тоа”, изјави селекторот Александар Андов.

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова ја истакнува позитивната атмосфера во репрезентацијата.

„Нормално дека постои притисок пред утрешниот натпревар, но тој е позитивен. Имаме одлична атмосфера во репрезентација и по подолго време повторно сме сите заедно обединети, функционираме како еден тим и размислуваме победнички. Имавме одлични услови во претходниот период и се подготвивме на најдобар можен начин за овој меч. Имавме одличен тренинг камп во Банско и подготвени го дочекуваме утрешниот меч”, изјави Наташа Андонова.

На две кола до крајот прва во групата е Словенија со максимални 12 бодови, Македонија има седум, следува Летонија со три, а Молдавија е последна со еден бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани