Македонските фудбалерки во последните секунди испуштија реми против Летонија во квалификациите за ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската женска репрезентација на Македонија загуби во клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство дома од Летонија со 1-2. Натпреварот на „Петар Милошевски“ на терените крај ФФМ нашите фудбалерки доцна дојдоа до израмнување, а потоа во последните секунди примија гол за болен пораз.

Првото полувреме понуди подобра игра за македонските фудбалерки. Девојките на Александар Андов играа на ниво, меѓутоа недостигаше концентрација во завршницата. Откако во финишот на полувремето не реализиравме двојна шанса, стигна казната. Летонија успеа да дојде до предност во 48 минута преку Полуховица.

Во второто полувреме Македонија пак се наметна и повеќе играше со топката. Нашите фудбалерки се отворија и почнаа да притискаат, а тоа остави простор за контра напади. Противничките баш во такви ситуации беа многу опасни и близу до гол.

Течеше 92 минута кога капитенката Наташа Андонова изведе своја мајсторија, па со гол од далечина израмни на 1-1 и ги врати надежите за добар резултат. Сепак, едно невнимание и перфектен дриблинг на Севчова во последните секунди донесе победа на Летонија.

Во пресрет на последното коло Македонија има седум бода, еден повеќе од Летонија. Сепак, нашите фудбалерки играат против фаворитот Словенија и треба да се случи чудо Молдавија да ѝ откине бодови на Летонија во битката за втората позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани