284
Македонскиот чувар на мрежата, Дејан Илиев е промовиран во новиот клуб откако пред неколку дена замина од Сараево.
Илиев во Босна помина само шест месеци, а сега кариерата ја продолжува во Романија каде што ќе брани за тимот на УТА Арад кој е дел од елитата во оваа земја.
Низ кариерата македонскиот голман беше дел од Хелсинки, Тренчин, Серед, Јагелонија, а долги години помина и низ младинските категории на Арсенал.
За репрезентацијата на Македонија има еден настап и тоа против Гибралтар во Лигата на Нации.