225
Македонската фудбалска репрезентација од вчера се наоѓа во Храдец Кралове, каде што во понеделник ќе го одигра вториот јунски тест.
Чешка ќе биде следен предизвик за „рисовите“ кои загубија убедливо од Хрватска на првото гостување овој месец. Благоја Милевски го одржа официјалниот тренинг на „Малсовичка Арена“ во градот Храдец Кралове.
Натпреварот меѓу Чешка и Македонија се игра во понеделник во терминот од 18:00.