Македонија гостува на Ерменија: На чекор сме од целта, но во Ереван имаме и лоши сеќавања

by Стефан
1 минути читање

Ерменија и Македонија денеска играат натпревар кој ќе биде битка за врвот на табелата во нашата група.

Во првиот натпревар од ова издание во Скопје славевме победа од 2:0 и тоа откако во второто полувреме постигнавме два гола со играч помалку. Стрелци на погодоците беа Енис Барди и Бојан Миовски. Но, во Ерменија имавме и два натпревари во кои примавме по четири гола (2011 и 2018) година. Тие два натпревари ги загубивме со 4:1 и 4:0.

Но, актуелната форма е на наша страна Ерменија не блеска и освои само четири бода од досегашните три натпревари, па ние сме на врвот на табелата со седум бода.

Со оглед на ситуацијата на табелата на Македонија може да и одговара и реми по кое би ни била потребна една победа во следните два натпревари со Летонија и Фарски Острови.

Натпреварот со Ерменија денеска го играме во терминот од 18:00 часот.

ТАБЕЛА: Македонија 7, Ерменија 4, Летонија 3, Фарски Острови 2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани