253
Репрезентацијата на Хрватска ќе има максимална поддршка на стадионот „Рујевица“ во пријателскиот натпревар против Македонија.
За Хрватска натпреварот против Македонија ќе биде претпоследна контролка пред Европското првенство кое стартува на 14-ти јуни. Хрватите на турнирот ги очекува веројатно најтешката група бидејќи ќе играат со Италија, Шпанија и Албанија.
Во натпреварот против Македонија селекторот Далиќ нема да смета на дел од клучните првотимци кои ќе добијат дополнителен одмор поради клупските обврски.
Од Хрватската Фудбалска Федерација објавија дека билетите за овој натпревар се веќе распродадени. Натпреварот во понеделник се игра во терминот од 19:00 часот.