Македонија без Костадинов во натпреварите против Летонија и Фарски Острови

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација во ноември во натпреварите со Летонија и Фарски Острови ќе мора да биде без услугите на Тихомир Костадинов кој повторно се повреди.

Костадинов на еден од тренинзите во својот Пјаст Главице ја обнови старата повреда и според информациите го чека пауза од најмалку три недели.

Собирот на репрезентацијата е за две недели, па така селекторот Милевски ќе треба да бара ново решение бидејќи Костадинов во претходните натпревари добиваше стандардна минутажа.

Ќе потсетием, македонскиот фудбалер пред една година се врати на фудбалските терени откако имаше тешка повреда и две хируршки интервенции поради кои паузираше 19 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани