Килиан Мбапе конечно официјално објави дека заминува од редовите на ПСЖ по крајот на сезоната. Преку видео порака француското крило се обрати на сите засегнати, се заблагодари за сè и најави дека ќе започне нов предизвик во кариерата.
Веднаш по објавата за заминување на Мбапе, прашање за ситуацијата доби тренерот Луис Енрике, кој кажа:
„Сите знаевме дека Килиан Мбапе ќе си замине од Пари Сен Жермен. Ништо не се менува, сè останува исто за нас. Му посакувам на Мбапе сè најдобро. Останувам уверен дека следната сезона ќе бидеме посилни. Запишете ги моите зборови: ПСЖ ќе биде подобар следната година“.
Останува да се види дали ПСЖ ќе тргне по замена за Мбапе и во кој правец ќе се движи клубот во потрагата по нов напаѓач со слични карактеристики.