351
На натпреварот од МЛС меѓу Атланта и Торонто беше постигнат гол кој долго ќе се прераскажува, главниот јунак во приказната беше Џамал Тиаре.
Моментот се случи во 97. минута. По една завршена акција на домаќините, Тиаре се напи вода од шишето на голманот Гавран. Идејата му беше да се прикраде зад него со цел да му ја земе топката ако тој ја пушти на земја. Мисијата му успеа.
Никој не му довикна на голманот дека има играч зад него, тој не го виде, ја пушти топката на зејма, Тиаре му ја зема и постигна гол за победа на Атланта од 2-1.