Лудо: Голманот Чанчаревиќ од својот шеснаесетник му даде гол на АЕК! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Неверојатен гол постигна српскиот голман Огнен Чанчаревиќ. Ерменскиот тим Ноа, кој ја исфрли Шкендија од Европа, денеска се израдува на уште една победа во квалификациите од Конференциската лига, го совлада АЕК со 3-1, а она за кое се зборува е лудиот погодок.

Чанчаревиќ шутна од својот шеснаесетник, нејасно е дали воопшто се обиде да постигне гол, но неговиот шут заврши во мрежата на противникот за водство на Ноа од 2-1. Погодок кој ќе се памети и ќе се прераскажува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани