180
Навивачите на Холандија уште еднаш покажаа кој е „главен“ на Европското првенство.
Во пресрет на полуфиналето на нивната репрезентација против Англија, улиците на Дортмунд беа преплавени со портокалова боја. Според информациите од Германија, околу 75.000 навивачи од Холандија се допатувани во овој град за натпреварот на својата репрезентација.
Не треба воопшто да се разговара за атмосферата, бидејќи Холанѓаните си правеа сопствена забава и кога беа во далеку помала бројка. Иако голем дел од овие навивачи нема да бидат присутни на „Сигна Идуна Парк“, близината на Дортмунд им дозволи да бидат дел од лудилото по градските улици.