Луда фудбалска приказна: Пред 20 години наместил натпревар за 300 евра, а сега ќе суди полуфинале на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот фудбалски судија Феликс Звајер е делегиран за второто полуфинале на Европското првенство во кое ќе се судрат Англија и Холандија.

Домашниот судија доби предност пред конкуренцијата на турнирот во Германија и ќе биде главен во среда во Дортмунд.

Интересна е животната приказна на Феликс Звајер. Станува збор за судија кој во 2006 година доби шестмесечна суспензија поради наводно примање на мито од друг судија. Се верува дека Роберт Хеузер кој беше суспендиран поради местење натпревари пред натпревар во 2004 година му дал на Звајер 300 евра за наместен натпревар.

И покрај тоа, Феликс Звајер успеа да си го исчисти името и да добие ФИФА значка. На ова Европско првенство полуфиналето ќе му биде четврти натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани