190
Француски Лил го засили тимот со искусен десен бек кој треба да внесе доста искуство.
Нов фудбалер на „догите“ е Томас Мение. 32-годишниот белгиски репрезентативец се враќа во елитниот фудбал, откако настапуваше за екипата на Трабзонспор каде што делеше соблекувална со македонскиот капитен Енис Барди.
Десниот бек потпиша двегодишна соработка со Лил, веќе пристигна во Франција и подготвен е да се стави на располагање на тренерот.
Освен за Трабзон, Мение настапуваше за Виртон, Бриж, ПСЖ и Борусија Дортмунд, а е стандарден репрезентативец на Белгија.