Екипата на Ливерпул во рамките од петтото коло во Премиер лигата славеше убедлива победа против Брентфорд со 3:0.
Избраниците на Арне Слот уште во првите 45 минути постигнаа три гола со кои ја завршија работата и стигнаа до нови три бода.
Поништениот гол по само четири минути игра како да ги налути фудбалерите на Ливерпул, прво Луис Дијаз набрзина во 26. и 28. минута постигна два гола, а десет минути подоцна Дарвин Нуњез со евргол зголеми на 3:0.
Имаше шанси Ливерпул и во второто полувреме да дојде до поубедлива победа, но не ги искористи.
Победа во денешниот натпревар славеше и Тотнем со 3:1 против Брентфорд. Соланке, Џонсон и Медисон беа стрелци за Тотнем, додека единствениот гол за Брентфорд беше дело на Мбуемо.
Астон Вила со пресврт дојде до победа над Вулвс со 3-1. Гостите поведоа со гол на Куња во првото полувреме. Вила изедначи со гол на Воткинс во 73. минута, а во 88. минута Конста погоди за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1, точка на мечот стави Дуран во судиското продолжение.
Фулам со истиот резултат го победи Њукасл, а Саутемтпон и Ипсвич ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1, исто како и Лестер и Евертон.