103
Eкипата на Ливерпул се помачи во денешниот натпревар против Вулвс, но на крајот успеа да дојде до победата со резултат 1:2.
Ливерпул до победата дојде во завршницата од првиот дел кога Диого Жота му асистираше на Конате. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.
Вулвс преку Ал-Нури по десетина минути игра во вториот дел дојдоа до изедначување. Трите бода за „црвените“ ги обезбеди Мохамед Салах со голот од пенал.
Со овој триумф Ливерпул го презема врвот на табелата во Премиер лигата, откако денес Манчестер Сити го запиша второто реми во низа одигрувајќи 1:1 со Њукасл.